Шест лица се повредени утрово во експлозија на лап топ во метрото во Мадрид, јавуваат шпанските медиуми.

Една од повредените е сосптвеничката на компјутерот, кој ненадејно експлодирал во нејзината торба. Експлозијата го преплавила вагонот со чад, а патниците биле евакуирани.

Некои од патниците панично реагирале, мислејќи дека станува збор за напад.

Сообраќајот со подземната линија број 9 привремено беше запрен, но набрзо бил повторно воспоставен.