Најмалку шест луѓе се застрелани во автобус, кој тргнал од Лос Анџелес до подрачја на заливот, соопшти локалната полиција за „Си-би-ес њуз“.

Осомничените се во притвор и моментално не се знае мотивот за пукањето, рекла полицијата. Не е соопштено дали има смртни случаеви, ниту колку е сериозна ситуацијата.

– Ситуацијата е стабилна и нема закани – изјавил портпаролот на патролата на калифорниските автопатишта.