Шестгодишно девојче е убиено, а пет возрасни се повредени во пукање во Вашингтон, соопштија властите.

Инцидентот се случил во петокот вечерта во југоисточниот дел на градот, пренесува Си-Ен-Ен.

Погодената девојка била пренесена во болница, но подоцна им подлегнала на повредите.

Во пукањето се повредени тројца мажи и две жени, но тие не се во животна опасност, изјави претставник на полицијата.