Шведското обвинителство денеска соопшти дека нема да поднесе жалба на одлуката на британскиот суд за отфрлање на формалното барање основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, да се задржи во притвор додека целосно не се истражат наводите за наводно силување.

Налогот за притвор е формален предуслов за поднесување барање за екстрадиција на Асанж, кој во моментот е во затвор во Обединетото Кралство, објави „Ројтерс“.

Работата сега се фокусира на оценување докази преку спроведување одредени дополнителни сослушувања, наведе заменичката на директорот на јавното обвинителство, Ева-Мари Персон, во соопштение.

Шведска сака да го испита Асанж поради наводно силување извршено во 2010 година.