Борбен авион ЈАС 39 Грипен се урнал денеска на југот на Шведска, откако птица налетала на леталото, соопшти шведската војска.

Пилотот безбедно се катапултирал и е префрлен во блиската болница заради проверка на неговата здравствена состојба, пренесува АП.

Нема други повредени по падот на леталото, а полицијата и војската го обезбедуваат местото на несреќата.