Шведскиот суд не му одреди притвор на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој е осомничен за силување.

Ова значи дека обвинителството нема веднаш да бара негова екстрадиција од Велика Британија.

Агенцијата „Асошиејтед прес“ наведува дека оваа одлука не значи дека прелиминарната истрага во Шведска ќе биде запрена, туку само дека нема да дојде до екстрадиција на Асанж и дека тој ќе може да биде сослушан во Британија.

Минатиот месец Асанж беше уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде помина седум години откако Еквадор му додели азил. Асанж се наоѓа во затворот „Белмарш“ во Лондон.

САД, исто така, бараат Асанж да биде им предаден на тамошните власти, поради неговата наводна улога во објавувањето на доверливи воени и дипломатски документи од 2010 година.