Шведскотo обвинителство денеска треба да објави дали повторно ќе ја отвори истрагата против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, по обвинувањата за силување против него од 2012 година.

Би-би-си објави дека истрагата може да биде отворена доколку адвокатот на наводната жртва поднесе барање за тоа.

Асанж ги отрфла обвинувањата, а за да избегне екстрадиција во Шведска тој од 2012 година престојуваше во амбасадата на Еквадор во Лондон. Но, Еквадор минатиот месец му го укина азилот и Асанж беше уапсен и осуден на 50 недели затвор поради прекршување на условната слобода.

Негова екстрадиција бараат и САД каде е осомничен за објавување на доверливи воени и дипломатски докумети во 2010 година.