Шведската полиција денеска соопшти дека седум лица се ранети во престрелка меѓу моторџии кај Гетеборг и додаде дека уапсила 12 лица.

Од полицијата информираат дека нејзините патроли минатата ноќ поминале низ индустриската зона во близина на Гетеборг кога избувнала престрелка меѓу ривалските клубови. Засега не е позната точната причина за пукањето, велат од полицијата, наведувајќи дека истрагата е во тек.

Шведските власти во неколку наврати рекоа дека во изминатите неколку години е зголемено насилството и организираниот криминал, особено во периферијата на големите градови.