Првата шведска премиерка, Магдалена Андерсон, поднесе оставка само неколку часа по нејзиното назначување, јавува Би-би-си.

Андерсон утрово беше избрана во парламентот, а неколку часа подоцна поднесе оставка бидејќи нејзиниот предлог-буџет не доби поддршка, а центристичката партија која беше коалициски партнер ја напушти владата.

Наместо предлогот на премиерката, шведскиот парламент го прифати предлог-буџетот што дојде од десничарската опозиција.

Андерсон пред новинарите изјави дека го информирала претседателот на парламентот дека сака да поднесе оставка, но и дека ќе се обиде повторно да стане премиер.