Кога станува збор за местото на живеење, локацијата игра најголема улога, но податоците од истражувањето на „Статиста“ за светската потрошувачка покажуваат дека не е само цената она што зависи од локацијата на имотот. Како што покажува инфографикот, постојат силни разлики меѓу државите во однос на уделот на лица што живеат под кирија или имаат сопствен дом. Во Швајцарија и во Германија најчесто се живее под кирија и во тие земји околу две третини од населението не поседуваат свој дом, како што се наведува во истражувањето за 2020 и за 2021 година. Сосема поинаква приказна се забележува во Кина и во Русија, каде што вообичаена практика е секој да поседува свој дом. Според истражувањето на „Статиста“, 83 отсто од кинеското и 87 отсто од руското население поседуваат свој дом.