Швајцарија нема да прифаќа големи групи авганистански бегалци, објави денеска владата на оваа земја.

Хуманитарни визи ќе бидат земени предвид за оние луѓе кои се соочуваат со непосредна, конкретна и сериозна опасност по животот, објави владата, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Врз основа на овие критериуми, Министерството за правда ќе ги разгледа понатамошните барања за прием на лица од Авганистан“, се вели во соопштението и се додава дека Швајцарија во моментов се воздржува од прифаќање поголеми групи авганистански бегалци.

Околу 40 локални службеници кои работеле за швајцарската агенција во Кабул и нивните семејства ќе бидат пуштени во Швајцарија, соопшти владата.

„Како работодавач, Швајцарија има должност да се грижи за локалните вработени во Авганистан и одлучи да ги прими погодените лица и нивните најблиски членови на семејството“, стои во соопштението.