Амбасадата на САД во Каракас, Венецуела

Најновите информации за ситуацијата во Венецуела доаѓаат од „Тајм“, кој информира дека стуацијата во земјата може да ескалира поради тоа што висок претставник на Социјалистичката партија која е на власт се заканил дека ќе ја изгаси струјата на комплексот во кој се наоѓа Американската амбасада во Каракас. Откако Трамп го поддржа опозиционерот Гуаидо, Венецуела им даде 72 часа на американските дипломати да ја напуштат земјата.

Доколку САД се одлучи да ја чека реакцијата на Мадуро и да не ги повече дипломатите во дадениот рок, а потоа Мадуро насилно да се обиде да ги отстрани од државата, би можело да создаде услови за сериозна рекакција од страна на властите во Соединетите Држави. Владата на Трамп моментално е во подготовка на можни нафтени санкции за Венецуела, а не е искучена ниту реакција на американската армијата.

За потсетување, кризата во Венецуела се продлабочи откако лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо се прогласи на привремен претседател на државата. Неговата позиција ја признаа САД, Канада и повеќе земји од Јужна Америка, додека Кина, Русија и Турција застанаа на страната на моментално претседател Николас Мадуро. Поради признавањето на Гуаидо од страна на САД, мометалниот претседател Мадуро, кој ја има војската на својата страна, ги прекина дипломатските односи со Вашингтон, а САД побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.