Иванка Трамп е загрижена дека САД имаат проблем со екстремистите што се залагаат за бела надмоќ. Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп упати апел до нејзините сонародници „не само да се молат за жртвите, туку и да го повишат гласот за отфрлање на грозоморните и подмолни чинови на омраза, тероризам и насилство“, додека државата се справува со оружените напади во кои беше загубен 31 живот, пренесува „Гардијан“ во колумната на Арва Мадави насловена „Иванка Трамп ја осуди белата надмоќ, но нејзините дела кажуваат поинаку“.

Белата надмоќ, како и сите други облици на тероризам, е зло, и мора да биде уништена, напиша Иванка Трамп на Твитер.

– Ако на Иванка и е гајле за подемот на белата надмоќ, таа би можела да прошета до кабинетот на нејзиниот татко и да поразговара со него. Таа би можела да му сугерира, на пример, да престане да го користи зборот „инвазија“ во опишувањето на мигрантите и барателите на азил. Таа може да му посочи да не ги ословува Мексиканците со „силувачи“. Таа би можела да му сугерира да престане да им кажува на конгресменките со поинаква боја на кожата да се „вратат назад“ во нивните држави – пишува Мадави.

Колумнистката на британскиот весник дека Иванка Трамп помогнала во „санитизација“ на претседателството на нејзиниот татко.

– Лесно е да и се смеете, да ја потценувате, да ја окарактеризирате како разгалена „претприемачка“ која наивно мисли дека може да зборува за политика со светските лидери на самитот Г20. Но Иванка не е само привилегирана и неквалификувана. Таа е полукава. Таа помогна за санитизација и омекнување на претседателството на Трамп со нејзиниот лажен феминизам. Таа и пружи маска на респектабилност на грубоста на Трамп. Иванка не е само пасивен соучесник на неговото претседателство, таа е активна учесничка. Можеби ја осуди белата надмоќ во твитовите, но нејзините дела кажуваат поинаку. Таа се постави како глобален претставник на „трампизмот“ и сега мора да ја поднесе одговорноста што ваквиот став ја носи. Доколку јасно не го отфрли расизмот на нејзиниот татко, тогаш може само да се претпостави оти таа го поддржува – заклучува Мадави.