Андреј Бабиш

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека сака Прага да се повлече од глобалниот Договор на Обединетите нации за миграција. Бабиш рече дека за тоа ќе разговара со своите коалициски партнери во Владата.

Повлекување од овој Договор вчера најави Австрија, следејќи го примерот на САД и на Унгарија.

Владата во Виена на конзервативната Народна партија на канцеларот Себастијан Курц и екстремно десничарската Партија на слободата на вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе вчера соопшти дека Австрија се повлекува од глобалниот Договор на ОН за миграција, поради суштински несогласувања.

Виена смета дека Договорот на ОН за миграција е несоодветен за регулирање на мигрантските прашања и стравува од губење на суверенитетот во мигрантската политика и „бришење“ на разликите меѓу легалната и илегалната миграција.

Германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) ја повика Владата на Германија да го следи примерот на Австрија и да се повлече од глобалниот Договор на ОН за безбедна и легална миграција. паг/ми/