Уште четворица луѓе беа убиени вчера во протестите во Боливија со што бројот на жртви од почетокот на кризата порасна на најмалку 23, соопшти Интерамериканската комисија за човекови права.

– Од петокот досега убиени се девет луѓе и ранети најмалку 122 – нагласи комисијата на „Твитер“.

Освен тоа, комисијата изрази загриженост од указот на времената претседателка на државата, Жанин Анес, која и дозволи на армијата да учествува во зачувувањето на редот без да се поставуваат прашања за одговорност.

Во главниот град на Боливија, Сукре, избија судири кога опозициската лидерка, Анес, се прогласи за привремена претседателка на земјата по оставката на Ево Моралес. Гневните поддржувачи на Моралес сметаат дека таа нема легитимитет и мора да се повлече.

Претходно, Моралес, поднесе оставка од функцијата претседател соочувајќи се со притисоци и протести поради обвинувања за измама на изборите на 20. октомври, на кои извојува убедлива победа.

По ова, тој замина во Мексико каде му беше одобрен азил.