Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше повреда на лицето веројатно од мачета, изјави сведок за радиото Европа 1.

– Го видов и вториот сосед на подот и веднаш отидов да им помогнам – ја пренесуваат медиумите неговата изјава, по нападот што се случи во близина на поранешното седиште на магазинот „Шали ебдо“ во Париз, при што четири лица се повредени, од кои двајца се во тешка состојба.

Париската полиција соопшти дека едно лице е уапсено во близина на операта во Бастилја.

Полициски извор изјавил дека на местото на настанот била пронајдена мачета. Друг полициски извор рече дека таму е пронајден сатар за сечење месо.

Локалните власти побараа од луѓето да ја избегнуваат областа и рекоа дека во тек е полициска акција во североисточниот кварт на Париз. Заменик-градоначалникот Емануел Грегуар објави на Твитер дека полицијата лови „потенцијално опасен“ човек.

Париското метро ги затвори линиите во областа.

На 2 септември им се судеше на 14 лица во Париз, обвинети како соучесници во нападот на канцелариите на „Шарли Ебдо“ во јануари 2015 година, во кој беа убиени 12 лица. Тие се обиделе да се одмаздат за пророкот Мухамед, речиси една деценија откако неделникот објави карикатури коишто го исмеваат.