Четворица припадници на Исламска држава се осудени на смрт со бесење во Ирак поради припадност на организацијата и сторени терористички дела во Ирак и Сирија, соопшти ирачкиот суд.

Во соопштението се додава тие биле предадени на ирачките власти од Сириските демократски сили.

Судот во Багдад ги осуди поради членство во Исламска држава и „криминални операции чија цел биле цивили, со намера да го нарушат мирот и стабилноста во Ирак и Сирија“.

Сите четворица, како што соопшти судот, се Ирачани.

Во февруари ирачките власти објавија дека Сириските демократски сили им предале 280 Ирачани и странски затвореници кои се бореле на страната на ИД во Ирак и Сирија од 2014 година.