Во експлозија во фабрика за оружје во јужна Романија загинаа четири лица, а четворица се повредени, јавуваат локалните медиуми.

Експлозијата, како што пишуваат медиумите, била предизвикана од противпешадиска мина.

Жртвите според последните извештаи се тројца мажи и една жена.