Повеќе илјади Чеси протестираа денеска во Прага, трета седмица по ред, против новата министерка за правда Марија Бенесова стравувајќи дека би можела да влијае на судската постапка против премиерот Андреј Бабиш.

Бабиш е обвинет за проневера на два милиона евра од европски фондови, но тој ги негира обвинувањата.

Марија Бенесова, која беше именувана на должноста министер за правда, е адвокат и советник на претседателот Милош Земан.

-Протестираме поради фактот дека таа стана министерка за правда еден ден по спомнувањето на обвинението против премиерот. Тоа за нас е неприфатлива коинциденција, изјави Микулаш Минар, организатор на протестите, пренесе „Ројтерс“.