Челси Менинг, поранешната разузнавачка аналитичарка во американската армија, која е затворена поради одбивање да сведочи за истрагата за „Викиликс“, вчера е хоспитализирана, соопштиле нејзините адвокати, пренесува „Њујорк тајмс“.

Триесет и двегодишната Менинг, закрепнува, но нема информации како таа се обидела да се самоубие додека била во притвор во Александрија, каде што се наоѓа од мај минатата година.

Во изјавата на правниот тим на Менинг се вели дека таа утре треба да се појави на судско рочиште. Се очекува судот да донесе одлука дали да ги укине казните за граѓанска непослушност, изречени на Менинг, откако таа одби да сведочи во истрагата за објавувањето на илјадници американски воени и дипломатски досиеја, што таа ги обезбедила на „Викиликс“ во 2010 година.

Менинг, исто така, беше притворена два месеци, во март минатата година, за одбивање да сведочи, а потоа кратко беше пуштена на слобода поради завршување на мандатот на големата порота. Таа го искористи тој период за да објави дека има договор за книга во која ќе се фокусира на нејзиниот личен живот. Но, обвинителите повторно ја повикале да сведочи пред новата голема порота што таа го одби, по што повторно беше затворена.