Повеќето од оние што загинаа во пожарот во рускиот авион „сухој-суперџет-100“, кој вчера се запали на московскиот аеродром „Шереметјево“ се задушиле од чадот, изјавил за ТАСС извор од полицијата.

-Поголемиот дел од патниците кои не успеаја да излезат од авионот се задушиле од чадот- вели изворот.

Исто така, повеќето од оние што загинале се здобиле со сериозни изгореници.

-Причините за смртта ќе бидат утврдени со форензички преглед. Во овој момент изгледа дека повеќето патници починале од труење- додаде изворот.

Во несреќата загинаа 41 од 78 патници.