Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу не се согласува со словенечкиот претседател Борут Пахор, кој побара доделување „посебен статус“ на Турција во Европската унија, пренесуваат турските медиуми.

– Љубљана до минатата година активно ја поддржуваше идејата за прием на Турција во ЕУ. Не ја знам причината поради која таа ја промени својата позиција. Веројатно, тоа е поврзано со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон – рече Чавушоглу.

Тој потсети дека преговорите за полноправно членство на Анкара во ЕУ почнаа во текот на 2004 година.

– Доколку Анкара не ги исполнува своите обврски кон ЕУ, тогаш прашањето за перспективите за членство во ЕУ може да биде отворено. При сите други околности дијалогот треба да продолжи – истакна Чавушоглу.

Словенечкиот претседател Борут Пахор за време на форумот кажа дека Западен Балкан треба да биде примен во ЕУ, додека Украина и Турција треба да добијат „посебен статус“.