Турција нема да ги прифати заканите во врска со нејзината набавка на одбранбени системи, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, на прес конференција во Вашингтон.

Со изјавата тој алудираше на планот на Анкара да купи одбранбен систем С-400 од Русија.

Чавушоглу, кој денеска се сретна со американскиот колега Мајк Помпео, рече дека нема да има одложување или откажување на купувањето на авионите Ф-35 од САД.