Турскиот и рускиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров денеска телефонски разговараа за последните настани во Сирија и во провинцијата Хомс.

Шефот на рускиот Центар за помирување на опозициските страни во Сирија, Јуриј Јевтушенко вчера изјави дека 29 припадници на илегално вооружена група ракетирала делови на Хомс од јужниот дел на населбата Тел Бис.

Според него биле истрелани четири ракети при што загинале две лица, а 13 се повредени.