Кошаркарскиот клуб ЦСКА доби специјално дизајниран воз во московското метро.

Иницијативата беше покрената по повод 95-годишнината од формирањето на московскиот клуб.

Патниците на подземната железница во руската престолнина, отсега ќе може да патуваат и со возот во боите на ЦСКА (црвена, сина и бела).

Во внатрешноста на возот има фотографии од поранешни и сегашни играчи, а прикажани се и грбовите на рускиот гиган во различни периоди од неговото постоење.