Во Лондон се уапсени две лица откако истурија црвена вода во градските фонтани на плоштадот Трафалгар, во знак на протест.

Нивната цел е да ја повикаат британската Влада да спречи нови пандемии со експлоатација на животните, пренесе „Гардијан“.

Зад протестот стои групата „Бунтовници за животни“, кои велат дека вистинската причина за кризата со ковид-19 е злоупотребата на животните.

Демонстрантите сметаат дека треба да се заштити животот на секое животно, бидејќи ризикот од појава на пандемии во иднина би се зголемил.