Американската Централна разузнавачка агенција(ЦИА) од своето основање, кон средината на минатиот век, убила повеќе странски политичари и јавни личности, а методот што често е користен е „убиство со тумор“, тврдат новинските истражувачи и поранешни припадници на оваа шпионска агенција.

Дел од истражувачите, меѓу нив и новинарот Патрик Баба, наведува дека ЦИА е одговорна за смртта на шведскиот премиер Улоф Палме, чие убиство и ден денес е предмет на разни теории.

Како можна причина се наведува тоа што Палме се обидувал да се приближи до тогашниот СССР за да издејствува отстранување на нуклеарното оружје од Европа, што за НАТО било неприфатливо.

Исто така, ЦИА, според овие извори, го убила и венецуелскиот претседател Уго Чавез. Посебно е интересен начинот на елиминација, како што тврдат критичарите на работата на Агенцијата. Тие напомнуваат дека ЦИА „сака да користи убиства со тумор“, односно да предизвика карцином кај одредено лице, кое потоа набрзо умира.

Како пример на таква смрт, покрај Чавез, е наведен и славниот музичар Боб Марли, кому агент на ЦИА му подарил патика во која била сокриена инјекција со вирус што предизвикува карцином. Тој поранешен агент, како што тврдат истражувачите, без каење, опишал како Марли вреснал кога инјекцијата му се зарила во петата, додека ја пробувал патиката, не насетувајќи што подоцна ќе му се случи. Сите знаеја дека Марли нема да оди на доктор заради своите верски убедувања.

Марли го предизвика гневот на ЦИА бидејќи не сакал политички да се ангажира на Јамајка, каде што можел да помогне во остварувањето на одредени интереси.

ЦИА е обвинета и за убиството на Че Гевара во Боливија, како и на Моамер Гадафи и Садам Хусеин, а како сомнителна се споменува и смртта на Јасер Арафат.

Како пионер на ЦИА во планирањето на ликвидации преку уфрлање тумор во организмот на жртвите-мети се споменува и американскиот лекар Корнелиус Ровадес од Институтот за медицински истражувања „Рокфелер“ од Њујорк.

Тој „кариерата“ ја започнал во Порторико, каде што бил пионер во областа на „новите начини за убивање на луѓето“. Тие биле убивани на тој начин што претходно ќе им бил вбризган вирус.

На списокот на познати личности, за чија елиминација ја обвинуваат ЦИА, се и Патрис Лумумба, некогашен претседател на Конго. Агенцијата, наводно, користејќи ги „Црвените бригади“, го подготвила киднапирањето и убиството на италијанскиот премиер Алдо Моро.

И Николае Чаушеску, соборениот романски лидер, припаѓа на кругот на тие жртви.

Венецуелскиот писател Луис Брито Гарсија своевремено навел повеќе од 900 обиди за убиство на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро. И Кастро на крајот умре од редок случај на тумор на цревата.