Извршниот одбор на Германската демохристијанска унија денеска го поддржа лидерот на таа партија, Армин Лашет, како кандидат на конзервативниот блок за канцелар на Германија на федералните избори во септември, пренесува „Ројтерс“.

Според извори на оваа агенција, членовите на одборот ја потврдиле способноста на Лашет да ги приближи мислењата, да развие став и истиот да го презентира доследно.