Царината во Европската унија конфискувала лани 31 милион фалсификувани продукти со пазарна вредност од 580 милиони евра, соопшти денеска Европската комисија.

Четириесет и три отсто од тие стоки се „за секојдневна употреба и фалсификувањето ги прави потенцијало опасни“, како санитарни продукти, лекови, играчки и електро-уреди, наведува ЕК.

Најчесто се фалсификуваат прехранбени продукти (24 отсто од конфискуваните), играчки (11 отсто), цигари (девет отсто) и облека (седум отсто).

Кина е главната држава каде се произведуваат фалсификувани стоки, поконкретно мобилни телефони и друга електронска опрема. Турција е држава каде се произведуваат најмногу фалсификат облека, наменета за пазари во ЕУ додека Индија е „извор“ на фалсификат лекарства.