Јеменските шиитски бунтовници Хути соопштија дека истрелале осум балистички ракети врз градот Џизан во Саудиска Арабија.

Саудиската државна телевизија јави дека воздушната одбрана пресретнала четири од осумте истрелани ракети и оти при нападите не е причинета материјална штета и нема жртви.

Но, Хутите тврдат дека ракетите ги погодиле метите со „голема прецизност“.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија претходно соопшти дека при нејзиниот напад страдале двајца хутски лидери и десетици бунтовници во Јемен.

Хутите и претходно истрелуваа ракети врз саудиска територија, вклучително и врз главниот град, Ријад.

Саудиска Арабија ја поддржува меѓународно признаената Влада во Јемен и сака да ги спречи Хутите, кои имаат поддршка од Иран, да ја повратат власта.