Венецуелскиот опозициски водач Хуан Гуаидо излезе на улиците на Каракас со мала група добро вооружени војници и опозиционерот Леополд Лопес, предводејќи го она што претходно денес го нарече „револуција”.

-Ова е време на сите Венецуелци, на оние кои се во униформа и оние кои не се. Сите треба да излезат на улиците, во мир- изјави Лопес во своето прво појавување во јавноста, откако во 2014 година беше приведен поради организирање протести против владата.

Гуаидо во снимката направена утрово на воен аеродром во Каракас, во присуство на војници и неколку оклопни возила, рече дека тие војници го штитат уставот.

Министерот за информирање на Венецуела, Хорхе Родригез, на Твитер, објави дека владата се соочува со „обид за пуч” што го предводат „предавниците” од редовите на војската, со поддршка на десничарската опозиција.

На автопатот во близина на воен аеродром е фрлен солзавец, а се чини дека е испукан од аеродромот.