Организацијата за заштита на човекoви прави Хјуман рајтс воч, повика денеска на покренување меѓународна истрага за насилниот одговор на египетските безбедносни сили на исламистичкиот собир во Каиро 2013 година. 

Таа година, безбедносните сили реагираа против поддржувачите на поранешниот претседател Мохамед Морси и убија околу 600 лица. 

ХРВ денеска соопшти дека египетските власти не истражиле ниту покренале процесот против ниту едно лице од безбедносните сили одговорни за насилниот одговор на тогашните  протести во Каиро. 

Според Сара Ли Вајтсон, „пет години по масакрот во Раба, единствен одговор на властите беше да се обидат да ги изолираат одговорните за тие злосторства од правдата”.