Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека властите во Хонгконг, полуавтономен регион во рамките на Кина, ќе суспендираат некои видови правна соработка со САД.

Овој потег се случи откако Вашингтон ја прекина примената на одредени договори со Хонгконг.

„Ројтерс“ наведува дека ова е мерка на реципроцитет, воведена поради фактот што Вашингтон минатата недела ги извести властите во Хонгконг дека откажал или укинал три билатерални договори со Хонгконг, поради усвојувањето на рестриктивниот кинески закон за национална безбедност за подрачјето на тој град.