Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, најави затворање на 10 гранични премини од 13 со Кина, во обид да го спречи ширењето на новиот коронавирус.

Лам веќе затвори некои гранични премини, вклучувајќи ги прекуграничните фериботи и експресните возови. Таа рече дека затворањето на сите граници би било несоодветно и непрактично, како и дискриминаторско, но не ја исклучи можноста за понатамошно дејствување, пренесува Ројтерс.

Лам негира дека затворањето на границите е под притисок од медицински работници кои се заканија со петдневен штрајк и побараа од владата да ги затвори сите граници кон копното.

Таа исто така рече дека затворањето на границите нема никаква врска со штрајкот и дека тоа е само мерка да се запре ширењето на вирусот. Лам призна дека земјата нема доволно заштитни маски и дека проблемот не може да се реши на краток рок.

Таа ги повика жителите на Хонгконг да се обединат во борбата против епидемијата на вирусот, пришто досега загинаа 361 лице.