Хонгконг воведе задолжителен карантин за секое лице кое доаѓа од Кина, во настојувањето да се намали ширењето на опасниот коронавирус. Туристите морат да бидат изолирани во хотелските соби или да заминат во прифатните центри на владата, додека жителите на Хонгконг кои се враќаат од Кина мораат да останат во своите домови.

Оние коишто ќе го прекршат ова правило можат да се соочат со парична казна или дури му се заканува и казна затвор. До стапувањето во сила на ова правило, на полноќ, илјадници туристи беа во пограничното пристаниште Шенжен, додека утринава само мал број граѓани пристигнаа оттаму со брод.