Холандскиот министер за здравство, Хуго де Јонге, бил вратен дома од избирачко место за да земе валиден пасош, бидејќи дошол со пасош со истечена важност.

Де Јонге, кој е на чело на холандскиот тим во борбата против коронавирусот, дошол со намера да гласа на избирачко место во Ротердам.

– Уште еден совет: донесете валиден документ за идентификација со вас – напишал подоцна министерот на Твитер, во шеговит тон, пренесува „Ројтерс“.

Денеска е трет и последен ден од парламентарните избори во Холандија, кои се сметаат за референдум за доверба на конзервативната влада.