Пекарот Флорин Морариу, кој минатата година се судри со тројца терористи за време на нападот на Лондон бриџ, сега вели дека чувствува оти властите во Велика Британија го напуштиле.

Морариу, Романец по потекло, за време на нападот што се случи на 3 јуни минатата година, им помогна на луѓето да се сокријат во неговата пекара, а потоа им се спротивставил на напаѓачите.

Тој додава дека пати од пост-трауматичен стрес по нападот, но од тогаш „чувствувам дека никој не ми помага“.

Осум луѓе беа убиени лани во напад на Лондон бриџ.