Главниот град на Финска, Хелсинки е можна локација за средбата на претседателот на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, изјави неименуван американски висок претставник.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео за време на викендот изјави дека Трамп најверојатно ќе се сретне со Путин „во не така далечна иднина“.

Советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Болтон утре е во посета на Москва.

Кремљ минатата недела соопшти дека нема планови за средба на Путин и Трамп пред Самитот на НАТО, што ќе се одржи во Брисел на 11 и 12 јуни.