Најмалку шест лица се повредени при пад на воениот руски хеликоптер МИ-8 во регионот Краснојарск, соопштија денеска руските власти.

-Две лица беа оперирани, другите четири се на преглед – велат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека иако лицата се во критична состојба, нивните животи не се загрозени, пренесува „ТАСС“.

Хеликоптерот МИ-8, кој припаѓа на компанијата „Красавија“, летал од Бајкинт до нафтеното поле Јарубченској. Во моментот на несреќата имало 21 патник и тројца членови на екипажот.

Несреќата се случила кога за време на полетувањето хеликоптерот влегол во снежна бура и притоа ги оштетил опашката и роторот.

Компанијата „Красавија“ вели дека специјална комисија го истражува инцидентот.