Еден Индонезиец бил принуден да ја гледа егзекуцијата на својот татко од холандски војник, кога имал само 10 години. Анди Монџи ја изразил својата благодарност откако судот во Хаг ѝ наредил на холандската држава да плати обештетување на жртвите од колонијални масакри во 40-тите години на минатиот век.

Осумдесет и тригодишниот Анди Монџи, кој отпатувал во Холандија за да ја раскаже својата приказна на судот, му биле доделени 10.000 евра отшета додека на осум вдовици и три деца на други егзекутирани мажи, главно земјоделци, им било доделено обештетување од 123.48 до 3.634 евра како компензација за загуби од приходи.

Случаите се однесуваат на мажи убиени од холандски војници во индонезиската провинција Јужен Сулавеси меѓу декември 1946 и април 1947 година за време на т.н. „акции на чистење“, бидејќи Холанѓаните се обиделе да ги спречат потезите што воделе кон независност.

Судот откри дека 11 мажи биле убиени како резултат на лошо однесување од страна на холандски војници, претежно со брзи егзекуции, а еден човек бил застрелан случајно.

Таткото на Монџи бил егзекутиран на 28 јануари, 1947 година во селото Супа. Се верува дека повеќе од 200 мажи биле егзекутирани од холандската војска тој ден.

Јапонија ја окупирала тогашната холандска колонија Дач Ист Индис за време на Втората светска војна. По капитулацијата националистичките лидери Сукарно и Хата ја прогласија Република Индонезија на 17 август, 1945 година.

Следните четири години, Холандија се бореше да го продолжи својот 350-годишен колонијален режим на земјата, честопати со варварски средства.