Жени и деца прават импровизирано засолниште откако избегале од териториите кои ги контролира ИД во југоисточна Сирија

Во последните две недели, илјадници луѓе бегаат од селото Багхуз кое се смета за последното парче земја кое го контролира Исламската држава (ИД) во Ирак и Сирија. Во моментов, ИД контролира само едно село, а претходно тие владееjа со територија голема колку Велика Британија, анализира „Њујорк тајмс“.

Борците на ИД веќе не го контролираат југоистокот на Сирија. Во изминатиот месец, тие под своја власт имаа три села, па две, а сега им остана само селото Багхуз. Милитантите се опколени на територија од околу 3,4 километри. Поконкретно, од северната страна тие се притиснати од Сириските владини сили, на југ е границата и војската на Ирак. Од источната и северната страна, тие се во борба со курдската и со арапската милиција поддржани од САД, кои се познати како Сириски демократски сили.

– Поради стиснувањето на обрачот околку териториите на ИД и оние кои се приклучија на „Калифатот“ во неговите најрани денови, сега се обидуваат да се спасат – пишува „Њујорк тајмс“.

Поголемиот дел од луѓето кои бегаат во пустините се семејствата на милитантите – нивните жени и деца, а има само мала бројка на локално население кое изворно доаѓа од окупираниот регион. Без пристап до храна, семејствата се обидуваат да преживеат во тешките временски услови и јадат пустински растенија за да се прехранат.

Светските медиуми констатираат дека голем број на избеганите лица од окупираните територии се странци, најчесто Ирачани кои живееле под владеењето на ИД пред за избегаат во овој дел на југоисточна Сирија, кога ирачките градови беа ослободени. Меѓу избеганите има и Германци, Французи, Британци, Швеѓани и Руси, доказ за тоа дека голем број на странци дошле да војуваат на боиштата под каузата на ИД. Се претпоставува дека околку ИД регрутирала околку 40 илјади борци од 100 различни земји во светот за да војуваат во „светата“ војна.

По големите порази на ИД на повеќе локации минатиот месец, воената операција за да се освои Багхуз е запрена откако командирите на американската војска и Сириските демократски сили се обидуваат да договорат примирје. Иако преговорите со ИД секогаш биле контроверзни, во годините наназад честопати било неопходно да се спроведуваат размени на затвореници, главно за да се заштитат цивилите и инфраструктурата од бомбардирање и напади, стои во написот на весникот „Њујорк тајмс“.

И додека Багхуз е последното упориште на „Калифатот“ на ИД и место каде што е роден, „Калифатот“ отсекогаш бил глобален проект, па така 16-те од неговите 35 провинции се наоѓаа надвор од Ирак и Сирија. Гранките на ИД на Филипините и во Нигерија моментно имаат силни позиции, а според повеќе извештаи од лани, групата уште има меѓу 20 и 30 борци само во Ирак и Сирија, каде што тие продолжуваат да спроведуваат воени дејствија.

Семејствата се поделени, голем дел од мајките со нивните деца бегаат од воените конфликти, додека мажите сè уште се борат, без разлика дали на страната на ИД или против нив.