Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ѝ честита на Урсула фон дер Лејен за изборот за нова претседателка на Европската комисија. Тој изрази задоволство поради тоа што таа ја потврди европската перспектива на Западен Балкан.

– Искрени честитки за изборот на претседател на Европската комисија. Нејзината агенда е амбициозна и ги опфаќа сите клучни приоритети за градење на обединета и силна Европска Унија која ќе може да се справи со сите сегашни и идни предизвици. Посебно ми е мило што ја нагласи потребата ЕУ да стане посилен глобален играч, вклучувајќи ја и потврдата на европската перспектива на Западен Балкан – напиша Хан.