Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но во неговата родна земја, Австрија, Народната партија (ОВП) на поранешниот премиер Себастијан Курц, од која и самиот доаѓа, не сака да плаќа за буџетот на Унијата.

– Постојат одредени задачи што треба да ги исполниме, а земјите членки ги бараат. Фокусот е ставен на заштита на надворешната граница и создавање на ефективна агенција за заштита на границата со околу 10.000 луѓе. Тоа не може да се направи без пари – рече Хан во интервју за виенскиот весник „Естерајх“.

Тој истакна дека ваквите дополнителни задачи ќе чинат и дека нацрт-буџетот предвидува сè, како тие желби, така и излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

– Ако дополнителните трошоци се споредат со населението, тогаш тоа значи, дека по жител дополнителнот трошок ќе биде во висина на едно испиено кафе дневно – објасни Хан, кој е уверен дека ќе се постигне компромис по ова прашање.