Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, еден од двајцата кои се борат да ја заменат британската премиерка Тереза Меј, изјави денеска дека неговиот ривал Борис Џонсон е кукавица бидејќи избегнува јавни дебати за брегзит, пренесува „Ројтерс“.

– Кога станува збор за дебати, тој е кукавица. Неучтиво е да кажете дека нема да се појавите во ниедна дебата во текот на две недели, кога партиските членови ќе можат да ве видат пред да гласаат – рече Хант.

Тој објаснува дека граѓаните треба да знаам што планира Џонсон да стори како премиер, и треба да одговори јавно на нивните прашања.

– На Борис Џонсон му ветувам дека ќе ја има борбата на неговиот живот, и дека ќе ја загуби – рече Хант.