Со САД нема да има ниту војна, ниту преговори, порача денеска врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, но предупреди дека негативните последици на новите американски санкции врз економијата на Иран се од внатрешна природа.

– Забранувам одржување на разговори со Америка…Америка никогаш не ги исполнува своите ветувања од преговорите…само нуди празни зборови и никогаш не се откажува од своите цели – пренесува иранската државна телевизија.

– Американските функционери неодамна цинично зборуваа за нас. Покрај санкциите, раскажуваат и за војна и преговори. Во таа смисла, би им порачал на луѓето: нема да има војна, ниту преговори со САД – напиша иранскиот верски лидер на својот Твитер профил на англиски јазик.