Иран нема да продолжи да го почитува договорот, доколку не добие „цврсти гаранции од Европа, изјави иранскиот верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Тој одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од нуклеарниот договор со Иран ја оцени како „глупава и површна“.

Хамнеи имаше резерви кон нуклеарниот договор уште од времето на неговото постигнување во 2015 година и досега во повеќе наврати ги обвинуваше САД дека не ги исполнуваат договорените обврски.

Трамп вчера соопшти дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави возобновување на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.