Врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хаменеи   денеска изјави дека Техеран може да го напушти нуклеарниот договор со светските сили по повлекувањето на САД од него доколку тој договор не им служи на иранските интереси.

Хаменеи со тоа фрли сенка сомнеж на преговорите за спасување на договорот, кој Иран ги води со европските земји. 

-Нуклеарниот договор е средство, а не цел, и доколку не служи на нашите национални интереси, можеме да го напуштиме, се наведува во цитатот на Хаменеи, објавен на неговата официјална интернет страница. 

Хаменеи исто така порача дека Техеран треба да „се откаже од надежите“ дека Европа може да го спаси договорот.

Хаменеи на состанокот со претседателот на Иран Хасан Рохани и членовите на кабинетот им рекол дека Техеран нема да води преговори со „недолични“ американски официјални лица на кое било ниво со цел постигнување на нов договор за иранската нуклеарна програма.