Вооружените крила на палестинските исламистички движења Хамас и Исламски џихад, презедоа во заедничко соопштение одговорност за артилериски оган врз Израел од Појасот Газа.

Двете формации соопштија дека реагирале на неодамнешните израелски напади врз нивни позиции во енклавата.

– Тие криминални дела (на Израел) не може во никаков случај да се толерираат, соопштија тие.

Двете крила на Хамас не објавиле заедничко соопштение веќе неколку години.

Израелската армија соопшти дека тројца нејзини војници се повредени во нападот од Појасот Газа.

Најмалку 27 ракети и проектили денеска биле истрелани од Појасот Газа кон јужен Израел, но нема информации за жртви или причинета материјална штета.

Денешниот напад е еден од најголемите од 2014 година.