Палестинското движење Хамас демантира дека во текот на ноќта од Појасот Газа извело ракетен напад против Израел, во кој беа повредени седум лица.

-Никој од движењето на отпорот, вклучително и Хамас нема интерес да истрелува ракети од Газа против непријателот, посочи неименуван висок претставник на исламското движење – пренесуваат западните медиуми.