Хакери кои оневозможиле стотици компании ширум светот, бараат 70 милиони долари за ослободување на блокираните податоци.

Ова на нивниот блог го објави сајбер банда позната како Ревил, објави „Ројтерс“.

Ален Лиска, од компанијата за сајбер безбедност „Рекордед Фjучр“, потврди дека пораката е автентична, како и дека сајбер бандата го користи блогот од минатата година.